Да изнајмиш аниматор за детска забава се чини како добра идеја сe` додека не ви се појави овој тип

Истрагата е во тек откако во Гудмајс библиотеката во Лондон човек облечен како „шарен мајмун на кој му висат гениталиите“ се појави на детски настан.

За време на настанот одржан во библиотеката имаше перформанс од страна на „Карневалска уметничка група“, во кој аниматорите беа облечени во шарени костими, но еден од нив се издвојуваше, бидејќи можеме да забележиме дека носи пластичен задник и лажен п*нис кој му виси помеѓу нозете.

Организаторите веднаш го запреле настанот откако го забележале несоодветниот преформанс на „шарениот мајмун“ и им се извинија на родителите велејќи дека „очигледно имало недоразбирање со аниматорите при организирање на настанот“.