Да пиеме по една ракија? (виц)

– Сакаш ли да пиеме по една ракија?
– Не. Подобро чај.
– Овошен или од билки?
– Од билки.
– Нане, липа, мајчина душица, кантарион?
– Нане.
– Пластична или порцеланска чаша?
– Порцеланска.
– Шеќер, мед или засладувач?
– Мед.
– Планински или ливадски?
– Добро, добро! Тури по една ракија!