Да си купите цвеќе од бабичката на Партизанска
Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо?
– Малите 50 денари, големите 100 денари.
И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.
-Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари.
Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска.
-Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.
… Среќата ја прават малите нешта
Автор: Димитар Ангелкоски
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.