Да те однесат бранови, а да ти е срам да повикаш помош: Тројца пријатели испловија сред море на необичен „сплав“

За да го прослави својот 30-ти роденден, Холи Спенс, нејзината пријателка Лепа Сега и нејзиниот брат Нејшн Сега, тргнаа на пловење со огромно розово фламинго заедно со нивните две кучиња.

Нивниот план бил да пловат околу плитката област на плажата Бели Песоци во Кодијак Алјаска. Денот бил убав и сончев, но малку ветровит, што било причината поради несреќниот случај.

Групата имала спакувано облека, ќебиња, закуски и безалкохолни пијалоци за она за кое верувале дека ќе биде релаксирачко попладне.

Тие не понеле спасувачки елеци заоа што мислеле дека ќе збележат доколку се оддалечуваат премногу далеку од плажата.

За жал, ветерот и струите се покажале далеку помоќни отколку што очекувале, а пловечката забава бргу се оддалечила од плиткото и се влегла во заливот Монашка.

По еден час, пловилото застанало на крајбрежни карпи од другата страна на заливот Монашка, а на помош биле повикани државните трупи на Алјаска и крајбрежната стража на САД. Сепак, напорите за спасување биле далеку од едноставни.

Бидејќи условите биле лоши, спасувачите не можеле да стигнат до заглавеното трио и нивните кучиња, па затоа искористиле хеликоптер за да ги подигнат и да ги однесат на сигурно.

За среќа,групата се врати на брегот релативно неповредена, без потреба да оди во болница, но со неверојатна приказна што доколку не беше документирана од службите, немаше да поверуваме дека се случила.