Да те пукне туѓ срам: Што ја затна канализацијата во Скопје?

Делови од автомобили, кожа од животни, чкембиња и секакви други работи се фрлаат во канализационата мрежа во Скопје. Екипите на ЈП „Водовод и каланизација“ речиси секојдневно интервенираат бидејќи шахтите се затнати со цврст одпат.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека „граѓаните се жалат на затната канализација, а кога екипите ќе излезат на терен наоѓаат сè и сешто фрлено од истите тие лица“. По интервенција во Драчево и во Кисела вода во шахтите биле најдени резервни делови и старо железо, а пак во Шуто Оризари извадиле црева, кожа од животни и чкембиња. Апелираат од граѓаните свесно и одговорно да го користат системот за отпадни води и потсетуваат дека тој не е место за одлагање на отпадот.

Тие додадоа и дека е вобичаено во канализацијата да наоѓаат и облека, ќебиња, пелени.