„Дај ми го ваму и да бегам”: Невеста има несекојдневна реакција на запросувањето и ги поттикна луѓето да ја анализираат нејзината постапка
Идната невеста Кортни Вард доби бурни реакции од јавноста затоа што и го грабна вереничкиот прстен од кутијата пред нејзиниот вереник да ги изговори зборовите: „Ќе се омажиш ли за мене?“

Во 8-секундниот „TikTok”, кој има над 1,9 милиони прегледи, желната жена (29) не се двоумеше да го фати прстенот и да го стави на прстот додека нејзиниот маж сè уште ја исповеда својата љубов на едното колено.
Свршеникот на Вард, Стивен ја запросил меѓу тропските предели во Сан Диего, Калифорнија, со бели букви на кои пишувало „Дали ќе се омажиш за мене?”
Жителката на Феникс, Аризона знаела дека има бизарна реакција на романтичниот настан, па го објавила клипот на „TikTok” на 12 јули користејќи аудио во позадина исполнето со смеа, велејќи: „О, не, не, не“.
„Во моја одбрана, беше толку убав што морав да го ставам веднаш таму!”

„Некои луѓе се однесуваат како да сум ужасна личност што го правам тоа… тоа беше непосредна реакција“, вели Вард.
Сепак, некои невести можат да се поврзат со возбудата на Вард дека нејзиниот маж конечно ѝ ставил прстен.

Коментирај анонимно