Дали би дале 700 евра за овие Гучи фармерки, кои имаат една „специфична“ карактеристика?
Можеби некој ќе каже дека не се разбираме во „висока мода“, но веруваме дека најголем дел од нас откако фармерките од некоја причина ќе се оштетат, како на пример да се појави дамка од трева, најчесто не ги сакаме повеќе и ги менуваме за нови доколку штетата не може да се поправи.

Затоа не можеме да сфатиме на која личност ѝ е исплатлива инвестиција да даде 700 евра за Гучи фармерки со лажни дамки од трева на и околу колениците. Гучи вели дека ова се „органски фармерки“, но дури и да можат да се јадат цената прилично ја надминува просечната плата.

Самите фармерки имаат намерни дамки од трева на колената, давајќи илузија дека носителот бил на секакви авантури на отворено. Така да доколку имате некои стари извалкани фармерки сега е време да ги извадите од плакарот и да изгледате „скапо“.

