Дали би дале над 600 евра за ваква „висока мода“?
Секоја година модната индустрија носи нови и интересни работи кои ќе им ги свртат главите на луѓето, токму такви се и овие сандали, но не на толку позитивен начин. Италијанскиот моден бренд Bottega Veneta изработи сандали кои на сите им изгледаат како сушени, инстант тестенини и иконската фризура на Џастин Тимберлејк од 90-тите години.
Откако Vogue ги презентираше пред-пролетните модели за 2020 година луѓето не можеа да се воздржат а да не прокоментираат за „нудлс сандалите“. Не е познато колку чинат чевлите од нудлс но другите парови на веб-страницата Bottega Veneta се движат од 600 до 1000 евра така што сигурно и овие не би биле поевтини.