Дали би го пробале најновиот „Франкенфуд“? Научниците одгледуваат говедско месо во зрна ориз за да создадат „сè-во-едно“ готов оброк

Научниците во Кореја успеаја да одгледаат месни клетки во зрна ориз за да создадат „сè-во-едно“ готов оброк. Тие тврдат дека новиот розов „Франкенфуд“ е достапен, вкусен и еколошки.
Сохјеон Парк, од Универзитетот Јонсеи, Јужна Кореја, рече: „Замислете дека ги добиваме сите хранливи материи што ни се потребни од протеинскиот ориз култивиран со клетки. Оризот веќе има високо ниво на хранливи материи, но додавањето клетки од добитокот може дополнително да го зајакне. Протеинот што ни е потребен обично го добиваме од месото, но производството на месо троши многу ресурси и вода и ослободува многу стакленички гасови“.
Одгледаното говедско месо обично се одгледува од кравји клетки вметнати во „биолошко скеле“ направено од желатин или колаген, што му овозможува да личи на вистински парчиња месо.

 

 

 

Претходните студии покажаа дека е можно да се создадат производи во лабораторија кои изгледаат приближно како вистински стекови и плескавици. Во овој случај, научниците открија дека порозните зрна ориз, кои се полни со „бразди и пукнатини“, обезбедуваат совршено природно подножје за растење на говедските клетки.

За да се создаде „Frankenfood“, тимот најпрво го премачкал оризот со рибин желатин – безбедна и јадлива состојка која им помага на клетките подобро да се прицврстат на оризот. Кравјите мускули и масни клетки потоа беа ставени во оризот и оставени да се одгледуваат во петриева чинија 9 до 11 дена.

Истражувачите велат дека крајниот производ е кашест розов ориз со цврста и кремаста текстура, месен вкус со примеси на бадемово и кокосово масло.

Г-ѓа Парк рече: „Не очекував дека клетките ќе растат толку добро во оризот. Сега гледам свет на можности за оваа хибридна храна базирана на житарки. Тоа еден ден би можело да послужи како помош од храна против глад, воен оброк, па дури и вселенска храна“.

За секои 100 гр. произведен протеин, хибридниот ориз ослободува помалку од 6,27 кг CO2, додека говедското месо ослободува 49,89 кг. Хибридниот ориз би можел да чини околу 1,70 долари за килограм, додека говедското месо чини 17 долари.

 

 

Глобалната сточарска индустрија е одговорна за повеќе од 14 отсто од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот, речиси исто колку што е и патниот транспорт, авијацијата и превозот заедно.

Професорот Нил Вард, од Обединетото Кралство за истражување и иновации, ја опиша студијата како „перспективна“.

Тој рече: „Иако податоците за трошоците и влијанието врз климата изгледаат многу позитивни, критичен е тестот околу апетитот на јавноста за вакви видови на храна развиена во лабораторија“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *