Дали би имале с*кс со робот? Секој трет Британец вели дека би сакал да има интимна врска со машина, открива извештај

Идејата за с*кс со робот може да звучи како заплетот на најновиот научно-фантастичен блокбастер. Но, новиот извештај откри дека една третина од Британците посакуваат тоа да биде реалност за нив.

Извештајот на LELO, наречен „С*кс попис“, праша илјадници Британци за нивните сексуални навики и желби. Открива дека една третина од Британците користеле, би користеле или „можеби“ би размислиле да користат секс робот доколку биде пуштена опција со прифатлива цена.

И овде не зборуваме само за секс кукли – секс роботите се однесуваат на софистицирани уреди кои се интегрирани со вештачка интелигенција, овозможувајќи им да се движат и да зборуваат исто како вистински луѓе.

 

За извештајот, LELO анкетираше 4.000 учесници за нивните сексуални искуства и желби во 2023 година.

Додека една третина од Британците изјавија дека би сакале да имаат секс со робот, резултатите открија огромна поделба меѓу половите.

Речиси половина (43,9 отсто) од анкетираните мажи рекле дека би сакале да се забавуваат со роботи, додека само 21 отсто од женските испитаници го кажале истото.

Сексуалните роботи често се мешаат со секс-кукли -секс играчки кои се со иста големина и облик како човекот. Сепак, секс роботите се многу пософистицирани и затоа доаѓаат со многу поскапа цена.

Во својот извештај, LELO истакнува два популарни секс роботи наречени Henry и Harmony 3.0, кои беа создадени од фирмата за роботика со вештачка интелигенција, Realbotix.

Henry беше лансиран во 2018 година и не само што може да се пофали со „натчовечки сексуални перформанси“, туку очигледно е добар и во правење шеги. Со висок 1.80 цм дроидот исто така може да го пречека својот сопственик дома и да разговара за нивното омилено ТВ шоу или филм, според неговите креатори. Тој дури може да ги придобие со романтични фрази и зборови од нивната омилена љубовна песна.

 

Сепак, Henry не е евтин, чини помеѓу 9.940 – 13.668 долари во зависност од дополнителните додатоци.

Во меѓувреме, Harmony 3.0 има цена од 14.551 долари и има вагина што се подмачкува што може да се отстрани и да се стави во машина за миење садови.

Мет Мекмулен, извршен директор на Realbotix, рече: „Клиентите ќе можат да добијат тело опремено со внатрешно греење, подмачкување и сензори за допир. Тие сензори за допир ќе комуницираат со вештачката интелигенција за да можете да создавате реакции и при движење и во звук!“.

Г-дин Мекмулен тврди дека сексот со роботи може да помогне да се подобрат вештините во спалната соба, со тоа што ги прави луѓето помалку да се плашат да бидат авантуристи.

Тој рече: „Сексот со роботот само ќе ви помогне со вашите вештини. Ќе ве натера да издржите подолго во кревет, да пробате различни пози и да бидете поавантуристички настроени“.

Тој дури сугерира дека интеракциите со роботите ќе го надминат сексот и дека мажите би можеле да заведуваат, шармираат и разговараат со секс роботот.

Сепак, други експерти изразија загриженост дека сексот со роботи може да предизвика зависност.

Џоел Снел, експерт за роботика од колеџот Кирквуд во Ајова, рече: „Роботскиот секс може да стане зависност. Сексботите секогаш би биле достапни и никогаш не би можеле да кажат не. Луѓето ќе ги преуредат своите животи за да се приспособат на нивните зависности“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *