Дали би платиле над 100.000 евра за очилата на Миа Калифа, особено откако ќе ја слушнете намерата?
Миа Калифа иако се повлече од „филмската индустрија“ сепак изненади со својот нов потег и да, не се преправајте дека не знаете која е таа. Сепак Миа сака да сврти нов лист во животот и да го остави минатото зад себе. Таа е свесна дека сѐ уште е позната па затоа реши тоа да го искористи во хуманитарни цели.
Пензионираната порно актерка ги стави на аукција своите очила за вид и нивната цена веќе надмина 100.000 евра. Таа очилата ги ставила на eBay, а откако цената почнала вртоглаво да расте предметот дури бил и избришан од страна на eBay, додека да расчистат за што станува збор.
Причината поради која таа ги продава своите „злогласни“ очила е за да собере пари за либанскиот Црвен крст и жртвите од експлозијата во Бејрут. Американско-либанската ѕвезда ја започна аукцијата по експлозијата минатата недела, во која загинаа повеќе од 200 луѓе и беа повредени илјадници други, кога детонирани беа 2.750 тони амониум нитрат складирани во пристаништето во Бејрут.
Калифа започна со подигање на свеста за трагичните настани преку Интернет, каде ги охрабри нејзините следбеници да споделат фотографии од исчезнати лица, детали за хотели, локации на банки за крв или фотографии што ја подигаат свеста за „оваа хуманитарна криза и земјата во колапс“.
За да ја зголеми вредноста 27-годишната девојка започнала да нуди дополнителни предмети за секоја дополнителна понуда од 25.000 американски долари. Во обид да привлече повеќе понудувачи, таа понуди користен брич, користена луфа и протеза за заби.
Аукцијата ќе трае уште 5 дена и сѐ уште не се знае колку ќе изнесува вкупниот износ кој ќе биде дониран.