Дали би сакале да пловите низ светот со оваа футуристичка капсула, инспирирана од Џејмс Бонд?

Луксузна лебдечка капсула е достапна за инајмување или купување за сите оние кои сакаат да си го исполнат 007 сонот. Со дизајн инспириран од филот за Џејмс Бонд „The Spy Who Loved Me“, Антенеа е капсула од 50 метри квадратни, наменета за патници кои сакаат да допрат до раскош со нивните патувања.

Антенеа е достапна да се изнајми и купи на брегот на Бретања, Франција. Архитектот Жан Мишел Дуканел бил инспириран од сличната „летечка чинија“ од филмот со Џејмс Бонд.

Еко-луксузната капсула е поделена на три простори за живеење: дневна, спална и надворешна „просторија за релаксација“, при што внатрешниот декор е инспириран од коралните гребени.

Кружните дизајни се наоѓаат низ целата капсула, со тркалезна када, кревет, па дури и тркалезни каучи. На горниот дел има отвор каде што можете да излезете и да уживате во погледот. Исто така под нивото на водата има прозорци и може да уживате во морскиот свет.

Една ноќ помината во капсулата чини 336 долари, додека побогатите можат да ја купат оваа футуристичка „играчка“ за 535.000 долари.