Дали би сакале да престојувате во овој хотел од само 4 метри квадратни?

Овој хотел е „идеален“ за осамени патници и парови, но важно е да не страдаат од клаустофобија. Хотелот го изградил лично со свои раце Тонис Орг и истиот се издава на Airbnb. Оваа мала куќа се наоѓа во центарот на градот Вуру, Естонија.

Куќата има се што е потребно за да се сместат паровите, соло авантуристи и деловните патници. Ова е уникатно искуство да уживате во хотел од само четири квадратни метри. Дали би поминале и една ноќ тука?