Дали би сакале да престојувате во една од овие „кутии за птици“ во Норвешка?

Туристите во Норвешка можат да доживеат епски погледи од високо благодарение на „кутиите за птици“.

Направени од големи, панорамски прозорци и минималистички дизајн, кутиите за птици им овозможуваат на посетителите да гледаат далеку низ пејзажот на начини на кои би било многу тешко, па дури и невозможно, доколку се на обична прошетка на локацијата.

Создадени од норвешкиот дизајнер Торстеин Аа и неговата компанија Ливит, футуристичките структури ќе бидат лоцирани низ Норвешка, што значи дека туристите ќе можат да се разбудат на различни места низ целата земја и да уживаат во погледи од разни сцени.

Кутиите за птици се наоѓаат во две верзии, Мини и Меди и можат да бидат поставени со хеликоптер; процес што им овозможува да бидат инсталирани на инаку тешко достапни места.

Разговарајќи за иновативниот дизајн Торстеин објасни дека компанијата сака да создаде структура што ќе „овозможи уникатни искуства“, а истовремено да има минимален ефект врз животната средина: „Сакавме да направиме производ каде посетителите ќе се чувствуваа како едно со природата, но сепак да имаат удобност како во хотелска соба. Производот не треба да има ограничувања во однос на тоа каде може да се стави и да издржи секое опкружување. Ова може да биде сè од зајдисонце во фјордовите, гледање на бурни мориња или одмор со планински поглед.“

Во моментов има две структури на кутии за птици инсталирани на западниот брег на Норвешка, иако креаторите планираат да додадат повеќе низ целата земја во иднина.