Дали би се возеле низ овој „хорор лавиринт“ кој е креиран поради задоволството, но и безбедноста на луѓето
Првиот досега возен хорор лавиринт доаѓа во Велика Британија оваа Ноќ на вештерките, но организаторите предупредуваат дека „не е за оние со слабо срце“. Додека не е необично Велика Британија да подготвува настани околу Ноќта на вештерките, FestEvil е прв од ваков вид, бидејќи е целосно без контакт во обид да ги заштити луѓето од тековната пандемија. Настанот, кој е организиран од Cyclone Events Management, ветува дека „пеколно ќе ве исплаши од удобноста на вашиот сопствен автомобил“.

FestEvil ќе трае од 16 октомври до 1 ноември на Борас Хол Лејн, во близина на индустрискиот имот Рексам во Северен Велс. Секој што сака да учествува во застрашувачкото искуство, мора да има над 16 години, заради прикажаните „крајно грозни сцени“.

Настанот ќе ги води автомобилите низ сцени од некои од најомилените хорор филмови, сепак присутните се предупредени дека нема враќање, без оглед колку е страшно. Возачите не смеат да одат побргу од 10 километри на час, а ќе ги води систем на семафори, кажувајќи им на луѓето кога да застанат на секоја сцена.

Присутните исто така мора да знаат дека на вратите и прозорците на нивниот автомобил може да има малку распрскана крв, за целосен грозоморен ефект. Цената за ова исуство ќе изнесува од 15 до 20 евра, во зависност од датумот на кој е направена резервацијата.


