Дали би си ја скратиле косата за да личите на медуза? Подемот на контроверзниот тренд „медуза“ или „грдата коса што го зафати светот“!

Нов бизарен тренд за убавина го зафати светот познат под името „медуза боб“.

Фризурата е именувана „медуза“ поради нејзината сличност со водното суштество, каде што надворешниот слој на косата е обликуван во пократка форма, додека внатрешниот слој останува долг.

Овој стил ги бранува генерациите на „TikTok“ со видеа под хаштагот „медуза“ кои колективно собираат повеќе од 43 милијарди прегледи.

Стилската инфлуенсерка Тина се пофали со косата од медуза во видео споделено со нејзините 66.600 следбеници, а многумина го пофалија „убавиот“ крој.

„Толку е слатко“, вели еден следбеник, додека друг додава: „Многу сакам да имам фризура како твојата сега, но за жал имам кратка коса“.

Австралиската актерка Никол Кидман (55) е прва јавна ѕвезда која ја проба „боб медуза“ фризурата за нејзината последна фотосесија за модно списание.

Некои од останатите коментари на оваа тема велат: „Вака изгледаат луѓето кога сами си ја надоградуваат косата“, или „Ја шишав оваа фризура на една дама уште кога бев во фризерско училиште во 2006. Таа секогаш ја нарекуваше „двослојна“ и јас ја мразев“.

  • Oki напиша:

    Nemaat druga rabota, si gi ispravaat vlaknata!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *