Дали чистиот кислород може да го успори стареењето? Еве што вели науката!

Дишењето чист кислород може да помогне да се успори процесот на стареење, тврдат научниците кои стојат зад најновата студија. Тие откриле дека испитаниците ставени во кислородни комори имаат голем број на придобивки.

Прво, тоа им овозможило на теломерите – заштитните капачиња на хромозомите – да растат повторно за повеќе од 20 проценти. Теломерите природно стануваат пократки со возраста, што доведува до болести вклучувајќи рак, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Студијата исто така открила дека бројот на старечки клетки – кои спречуваат регенерација додека се собираат во организмот – е намален за 37 проценти. Отстранувањето на таканаречените зомби клетки може да го продолжи животот.

Професорот Шаи Ефрати од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тел Авив рече: „Бидејќи скратувањето на теломерите се смета за „Светиот Грал“ на биологијата на стареење, многу фармаколошки и еколошки интервенции се опширно истражени со надеж дека ќе овозможат издолжување на телеомерот.

Значително подобрување на должината на теломерите прикажано за време и по овие уникатни протоколи, на научната заедница и дава нова основа за разбирање дека стареењето навистина може да биде насочено и вратено на основното клеточно-биолошко ниво.

Во студијата, објавена во списанието „Стареење“, 35 здрави возрасни лица на возраст од 64 години и постари дишеле 100 проценти кислород преку маска додека седеле во комори под притисок. Сесиите траеле по 90 минути и се одржувале пет дена во неделата, во текот на три месеци.

Комората под притисок имитира состојба на „хипоксија“ или недостаток на кислород, овозможувајќи им на ткивата да растворат повеќе кислород што има добро познати регенеративни ефекти.