Дали е-цигарите се најдобра алтернатива за пушачите?
Во Велика Британија најавија препишување на рецепт за електронски цигари како ефикасно средство за одвикнување … се надеваме дека оваа пракса ќе биде достапна и во Македонија за да им помогне на пушачите да се борат со зависноста од тутун.
Електронските цигари се уреди што произведуваат ВОДЕНА ПАРА, поради што жаргонски често се користат термините како што се: ИСПАРУВАЊЕ или VAPE. Течностите за електронски цигари во основа на составот содржат: Пропилен гликол, растителен глицерол и арома или вкус што се користи во исхраната, медицината, козметиката и се целосно безбедни за здравјето.
Додека традиционалните цигари и уреди за загревање на тутун НЕ ја даваат можноста за одвикнување од зависноста од никотин, со електронски цигари тоа е МОЖНО. Имено, корисниците на е-цигарите можат од самиот почеток да користат БЕЗНИКОТИНСКИ течности или течности со различни дози на никотин по сопствен избор. Овој никотин е 99,9% медицински прочистен и лабораториски контролиран. Со текот на времето, корисниците се префрлаат на течности со се помалку и помалку никотин, или додека не се префрлат целосно на течности без никотин, што е докажано во пракса како многу успешен метод за ОДВИКНУВАЊЕ ОД НИКОТИНОТ И ЗАВИСНОСТА.
За разлика од тутунските, консумирањето на електронски цигари нема непосреден ефект на намалување на протокот на крв и кислород во срцето, покажаа резултатите од новата студија која беше претставена на конгресот на Европското здружение за кардиолози во Амстердам.
Истражувачите на Клиниката за кардиохирургија при атинскиот центар Оназис, предводена од д-р Константинос Фарсалинос, го испитуваа влијанието од користењето на е-цигарите врз способноста на срцевите артерии да го снабдуваат срцето со крв и кислород.
Познато е дека пушењето во моментов ја намалува способноста на срцевите артерии да го снабдуваат срцето со крв и кислород. Целта на оваа студија беше да се утврди дали има сличен ефект и од консумацијата на електронските цигари рече д-р Фарсалинос, водичот на истражувачкиот тим.
По само две испушени цигари од тутун, кај учесниците во студијата е забележано намалување на протокот на крв и кислород до срцето од 16%, како и зголемување на отпорот на проток за дури 19%.
Меѓутоа, по консумирање електронските цигари, немаше разлика во протокот на крв и кислород во срцето на корисникот, ниту во зголемување на отпорот – во споредба со резултатите од претходното мерење. Резултатите се импресивни и покажуваат дека за разлика од тутунот, електронските цигари не влијаат на протокот на кислород и крв во срцето. Сите достапни докази недвосмислено потврдуваат дека тие се далеку помалку штетни од тутунот – истакна д-р Фарсалинос.
Од компанијата Амбрела која работи на пазарот во Македонија веќе 7 години, ни потврдија дека бројот на клиенти константно се зголемува од година во година. Нивниот комплетен асортиман на електронски цигари и течности можете да го погледнете на сајтот: www.umbrellashop.mk