Дали е можно да се префрли човечката свест во компјутер?

Концептот познат како „умствено префрлување“ (mind uploading) звучи футуристички и возбудливо, но и малку застрашувачки. Тоа подразбира дигитална копија на човечкиот ум — со свеста, сеќавањата и личниот идентитет — која би живеела вечно во компјутер.

Во ваква симулирана реалност, теоретски би можеле да доживувате се: од обични активности до летање или одење низ ѕидови. Но, тоа зависи од способноста на науката да ја пресоздаде реалноста доволно прецизно.

Теоретски, ова е можно. Практично — сè уште сме многу далеку. Мозокот е извонредно комплексен, со околу 86 милијарди неврони и трилиони врски меѓу нив. Денешната технологија не може ниту да ги скенира сите, ниту да ги симулира нивните динамички функции.

 

Дали е можно да се префрли човечката свест во компјутер?

Поделени мислења

За да функционира префрлениот ум, ќе мора да постои симулација на сите сетила — вид, слух, допир, движење — бидејќи лишување од сетилни дразби доведува до сериозни психолошки последици. А тоа бара огромна компјутерска моќ и знаење што сè уште го немаме.

Првиот чекор е целосно мапирање на човечкиот мозок, што денес е можно само кај инсекти и мали делови од мозоци на глодари. Дури и тогаш, самото скенирање не е доволно — потребно е и разбирање како мозокот создава мисли и свест.

Поделени мислења

Некои научници сугерираат дека до 2045 година можеби ќе биде можно, додека други сметаат дека тоа нема да се случи ниту во следните 100 години. Но, со забрзаниот развој на технологијата и интересот од милијардери кои инвестираат во „вечен живот“, иднината не е целосно непредвидлива. Иако пречките се огромни, научниците веруваат дека некогаш ќе стане реалност — можеби во следните 200 години. А тоа значи дека првата личност што ќе „живее вечно“ можеби веќе е родена.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *