Дали е ова најчудниот грабеж на банка? „Божиќен“ ограбувач реши да се однесува во духот на празникот

Кога некој ограбува банка се претпоставува дека 99,9% го прави тоа за парите. Сепак има и луѓе кои го сочинуваат тој мал дел од процент. На пример случајните минувачи во Колорадо Спринг биле шокирани откако ограбувач си ја земал улогата на „Дедо Мраз“.

65-годишниот Дејвид Вејн Оливер влегол во банка во Колорадо Спрингс и му кажал на вработениот дека има оружје и дека треба да му ги даде парите во торба. Дејвид ја земал необјавената сума на пари и излегол надвор од банката. Но, наместо веднаш да се фрли во бегство, тој застанал среде патот, ја отворил торбата и почнал да ги фрла парите во воздух и тие паднале на улицата.

Откако ги фрлил сите пари во торбата, се упатил кон блискиот Старбакс, си порачал кафе, седнал надвор и ја чекал полицијата да дојде. Тој со себе немал огнено оружје.

На луѓето кои биле сведоци не им било јасно што се случува, но како чесни граѓани ги собрале сите пари во торбата и ги вратиле во банката. Набргу пристигнала полицијата и го одвела 65-годишниот Дејвид во притвор каде што бил идентификуван.