Дали е ова нормално? 36 годишна Американка се откажала од вистинска љубов и си „направила” маж по нејзин вкус

Росана Рамос има 36 години и живее во Њујорк. Веќе неколку месеци таа е во среќен брак со Ерен Картал, виртуелна слика создадена од вештачка интелигенција.

Според Росана, таа доживеала многу болни раскинувања во реалниот живот. После тоа, таа решила да си направи идеален сопруг. Во тоа и помогнал сервисот Replika AI, кој е способен да симулира комуникација на природен јазик. Покрај тоа, колку повеќе комуницирате со него, толку повеќе четботот учи да се прилагодува на соговорникот.

И така испаднал Ерен Картал, доктор кој сака да пишува книги во слободното време. Сега Розана е сигурна дека цел живот ќе живее со него, бидејќи отсега има многу високи стандарди за животните партнери.

 

 

 

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!