Дали е ова ВИСТИНСКИОТ Џим Морисон? Сите морничави знаци дека ѕвездата на „The Doors“ е ЖИВ и дека живее во Њујорк како мајстор

Повеќе од 50 години по неговата прерана смрт на 27-годишна возраст, Џим Морисон останува тема на контроверзии и шпекулации. Фронтменот на „The Doors“ замина во Париз во 1971 година, каде што наводно се обидувал да се ослободи од зависноста од алкохол и дрога, но беше пронајден мртов во када.

 

 

 

Официјалната причина за смртта беше срцев удар предизвикан од премногу топла бања по обилно консумирање алкохол. Сепак, никогаш не беше извршена обдукција, а докторот што го потпиша извештајот за смртта не може да се пронајде. Дури и неговата девојка, Памела Курсон, првично го негираше неговото умирање, па потоа ја смени приказната.

Оваа нејаснотија стана тло за теории дека Морисон всушност починал од предозирање со хероин во ноќен клуб и бил тајно пренесен во станот. Друга верзија, тврди дека тој ја лажирал својата смрт и сè уште е жив.

 

 

 

Во новиот документарен серијал „Before The End“ на Apple TV+, режисерот Џеф Фин истражува дали Морисон живее под нов идентитет како Френк Икс, обичен мајстор од Сиракјуз, Њујорк.

 

 

 

Фин тврди дека три од поранешните љубовници на Морисон, гледајќи фотографија од Френк, биле убедени дека тоа е тој. Покрај тоа, тој има белег токму на местото каде што Морисон имал младеж, а неговите кафени очи изгледаат како да имаат синкаст прстен, како да носи контактни леќи.

Дополнително, наводниот Френк е фотографиран со тапанарот на „The Doors“, Џон Денсмор, а има и неколку заеднички пријатели со Морисон. Во истражувањето, Фин открил дека социјалното осигурување на Морисон сè уште е активно и води кон Њујорк, што само ја продлабочува мистеријата.

Режисерот, исто така, интервјуирал поранешна асистентка на Морисон, која мистериозно изјавила: „Близу си, Џеф“, а потоа додала: „Тоа е тајна што ќе ја задржам за себе“.

 

 

Некои од најблиските пријатели на пејачот, вклучително и клавијатуристот Реј Манзарек, долго време верувале дека Морисон ја лажирал својата смрт за да побегне од славата и проблемите со законот.

Но, што вели Френк Икс? Кога беше запрашан директно дали е Џим Морисон, тој одговорил: „Јас не сум Џим… освен ако не ја сметате песната на Џими Клиф – „Сите сме едно, сите сме ист човек“.

 

 

И покрај сите овие загатки, семејството на Морисон и понатаму стои зад официјалната верзија дека неговиот начин на живот довел до неговата смрт. Дали мистеријата ќе биде некогаш решена, останува непознато.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *