Дали е тоа новиот Усеин Болт? 16 годишен тинејџер од Австралија е новата тркачка сензација – истрчал 100 метри за 10,2 секунди
Навивачите останаа запрепастени откако неверојатната снимка од 16-годишен спринтер од Австралија како победува на трка на 100 метри стана вирална на интернет.
Гихт Гихт, атлетичар роден во 2007 година од Бризбејн, е сега нарекуван „следниот Јусеин Болт“, по неговото импресивно трчање на 100 метри за 10,2 секунди на овогодинешното првенство во атлетика во Квинсленд.
Претходно, на само 15 години, тинејџерот постави нов австралиски рекорд за својата возрасна група завршувајќи ја трката на 200 метри до 18 години за само 20,87 секунди, што беше за 0,03 секунди побрз од претходниот рекорд кој го држеа Пол Грин, Зејн Бранко и Дарен Кларк. Дополнително, тој го собори својот претходен личен рекорд од 10,43 секунди на трката на 100 метри.
Во претходното интервју за „Атлетикс Австралија“, Гихт рече: „Ми се допаѓа атлетиката бидејќи е лична. Ми се допаѓа што е индивидуално и резултатите се сведуваат на мене“.
Талентираниот млад спортист е роден во Австралија во 2007 година, две години откако неговите родители мигрирале од Јужен Судан во 2005 година, и е едно од седумте деца во неговото семејство. Неговата тркачка кариера започнала кога се приклучил на „Ipswich Grammar School“, каде што брзо ја импресионирал својата тренерка, Дајан Шепард.
Пријателов на 16 години веќе личи на 40, барем има кариера.
Коментирај анонимно