Дали ги паметите најубавите близначки на светот? Еве каква судбина ги снајде

Ава Мари и Леа Роуз ја стекнаа нивната светска популарност уште на 7-годишна возраст. Нивната мајка Џеки Клементс отсекогаш беше убедена дека нејзините ќерки се најсовршените на планетата и истита не се двоумеше нивната убавина да ја истакне.

Уште кога девојчињата беа на 6 месеци, Џеки организираше професионална фотосесија, но покрај целиот распоред, мајката немаше премногу време фотографиите да ги праќа до модните агенции, па само едноставно ги објавни на Инстаграм и буквално преку ноќ, Ава и Леа станаа славни!

Набрзо светските медиуми започнаа да пишуваат за девојчињата, а врвните модни агенции се натпреваруваа кој прв да ги ангажира прекрасните близначки.

Денес девојчињата се на 10-годишна возраст и се успешни модели. Секоја нивна објава на социјалните мрежи е спонзорирана, односно заработуваат од истата, но за жал, во нивниот живот не е сè мед и млеко.

Минатата година на нивниот татко Кевин му беше дијагностицирана леукемија и на истиот му беше потребна итна трансплантација на коскена срж, а пронаоѓањето на донатор воошто не беше лесно. Решени да му помогнат на својот татко, девојчињата ја искористија нивната популарност и преку Инстаграм ги замолија сите нивни следачи да го направат потребниот тест.

„Многумина мислат дека е лесно да станете донатор на коскена срж, но тоа воопшто не е така. Сепак едноставно е неверојатно што девојчињата имаат таква шанса да помогнат на мене и на многу други луѓе со слични заболувања.“- вели Кевин.

За истиот беше пронајден донатор и трансплантацијата беше успешна. Сега тој успешно се опоравува, покрај на лекарите, сите се благодарни и на прекрасните близначки за нивното ангажирање, без кои ова не би било возможно!