Дали јадењето пред спиење е штетно? Докторите даваат јасен одговор
Дали сте слушнале дека не треба да се јаде пред спиење? Или дека ќе се здебелите ако вечерно набрзина посегнете по нешто за јадење? Водечките светски нутриционисти конечно одговараат – и вистината е поинаква отколку што мислите!

Ја чувствувате гладта пред да легнете? Може да се јаде, но со мера и правилен избор на храна
Роберта Андинг, дипломиран диетолог и доцент на Медицинскиот колеџ Бејлор, вели: можете да јадете ако сте гладни пред спиење! Но, советува да посегнете по лесно сварлива храна и да не се прејадувате – за да не ве мачи тежина или немир во стомакот во текот на ноќта. Вистинската опасност од доцната вечера не е во зголемување на тежината, туку во тоа што лошо ќе спиете.

Голема количина храна пред спиење го пренасочува крвотокот од мозокот кон цревата. „Ви треба крв во мозокот за да поминувате низ фазите на сонот”, објаснува Андинг. Ова значи дека немање сон или лош квалитет на сонот почесто е резултат на тежина во стомакот, отколку на број на калории.
Андинг посочува дека секој треба прилагоди кога и што јаде според својот ритам на спиење и дневни обврски. Ако си легнувате порано, вечерата нека не биде близу до спиењето. Работите ноќни смени? Вашето време за оброк ќе биде поразлично отколку кај другите.

Ако сте гладни ноќе, нутриционистите препорачуваат јогурт со бобинки, јаболко со малку путер од кикирики или слично. Оваа храна е богата со протеини и здрави масти кои подолго ќе ве држат сити и нема да направат повторно брзо да огладнете. За споредба: чипсови или сладолед може да ве остават уште погладни.
Истотака, пијалаци со кофеин се лош избор за пред спиење. „Половина од внесениот кофеин се задржува во телото до 4,5 часа,” вели Андинг. Затоа послепладне избегнувајте кафе и силен чај, а бидете внимателни и со спортските пијалоци за енергија.

Коментирај анонимно