Дали ќе почне трета светска војна? Северина ја провоцира Јелена Карлеуша со пораките кои ги добила од нејзиниот сопруг, во кои неуспешно „ѝ се пушта“

Бракот на српската Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер, а сега фудбалски менаџер Душко Тошиќ, веќе неколку години е на разнишани нозе, како што неколкупати истакна и самата пејачка.

И покрај тоа, тие двајца се уште се во брак и живеат заедно во вилата на Дедиње, а Јелена ја шокираше целата јавност кога на социјалните мрежи ги објави пораките кои нејзиниот се уште легален сопруг и ги испратил на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

Имено, Северина на Јелена ѝ ја испратила преписката со сопругот, наводно со цел да ја испровоцира, а преписката пак на социјалните мрежи ја објави Јелена очигледно лута на Душко.

 

 

 

 

Освен тоа што Северина ѝ ги испратила пораките на Карлеуша, исто така и порачала никогаш повеќе да не го спомне нејзиниот син.

За потсетување, Карлеуша веќе со денови ја напаѓа Северина бидејќи таа го поддржа донесувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *