Дали кога ќе дојде време, навистина умираме или одиме во некој паралелен универзум? Теоријата на една жена создаде многу прашања во умовите на загрижените луѓе
Дали навистина никогаш нема да преминеме во другиот свет? Дали светот веќе завршил многу пати досега? Дали сме всушност осудени да ја поминеме вечноста несвесно скокајќи од една димензија во друга? Според една теорија на TikTok, одговорот е да. И тоа збуни милиони луѓе ширум светот.
Џоли Моли (@joli.artist) е навикната да ги заплашува и збунува гледачите со теории на заговор и недокажани приказни. Во нејзиното видео насловено „Апокалипса… повторно“, Џоли го претстави концептот на квантната бесмртност на Хју Еверет.
Фановите на „мултиверзумот“ на „Марвел“ се сосема запознаени со овој концепт, каде што наместо да доживеете смрт, „вашата свест само се пренесува во паралелен универзум каде што сте преживеале“, објаснува таа.
Според Џоли, единственото навестување што би го добиле дека можеби сте се разбудиле во паралелен свет би биле „новите ефекти на Мандела“. Знаете, чудниот феномен каде одеднаш има две сосема спротивставени сеќавања на историските настани?
„Она што во основа го наговестувам овде е дека во нашата реалност, апокалипсите се случуваат секој ден… откако ќе се случи неизбежната апокалипса, ќе се разбудите следниот ден во нова реалност, во која луѓето отсекогаш знаат дека „Pizza Hut“ се пишува со две „т“.
Доколку се уште ви е тешко да ја разберете теоријата на Џоли, таа има дополнителни аргументи: „Не ми верувате? Добро, поминаа околу 65 милиони години откако астероидите наводно ги убиле диносаурусите… Значи сакате да ми кажете дека во последните 65 милиони години немало други астероиди? Мислите дека имаме таква среќа, нели?“.
Иако можеби никогаш навистина нема да знаеме што не чека на другата страна, интересно е да се мисли дека можеби живееме во мултиверзум со бесконечни втори шанси. И без разлика дали оваа теорија го оптоварува вашиот метафизички ум или не, забавно е да се размислува за една од најголемите животни мистерии.
Коментирај анонимно