Дали Македонец ќе стапне на Месечината? Се појавија првите снимки од лансирањето на ракетата АНГАРА 5

Неодамна се појави видео каде што јасно се гледа како астронаут со македонско знаме на едниот ракав полетува кон Месечината наводно со руската ракета АНГАРА 5. Според неофицијални информации, ракетата е лансирана пред само неколку денови, од тајна локација која се шпекулира дека се наоѓа во јужниот дел на Русија, иако требала да биде лансирана дури во 2024 година.

Но, дали ова тест-лансирање, е всушност почетокот на мисијата на ЕСА (Европската Вселенска Агенција) и РОСКОСМОС? Официјални потврдени информации сѐ уште нема, а она што ја заинтригира македонската јавност е астронаутот кој упати поздрав. Снимките се најверојатно направени од руски работник кој бил ангажиран на платформата на ракетата.

Македонското знаме јасно може да се види, а се шпекулира дека станува збор за македонски астронаут по име Марјан Спировски. Марјан се наоѓа на активната листа на астронаути, која моментално од некоја причина е недостапна. Тоа што е нетипично, е што покрај американското и руското знаме на платформата, е истакнато и се вее македонското знаме.

Дали беше најавено учеството на македонски астронаут во оваа мисија?

Слави Трифонов, лидерот на бугарската партија „Има Таков Народ”, во Јули 2021 јавно изјави дека ќе испрати два астронаути од Бугарија и еден астронаут од Македонија во вселената. Во дел од програмата на бугарската партија ИТН на Трифонов, пишува дека партијата ќе ја внесе Бугарија во Европската вселенска агенција, а со вклучување на македонски астронаут ќе се подобрат меѓусоседските односи помеѓу двете држави.

Дали го имаме првиот Македонец во вселената? Кој стои зад оваа мисија? И дали астронаутот Марјан навистина постои се прашања кои сѐ уште немаат одговор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.