Дали миленичињата се изложени на ризикот од коронавирусот и дали можат да нѐ заразат?

Голем дел од нас чуваат некаков вид на домашно милениче и како рамноправни членови на нашите семејства секако сме загрижени за нивното здравје. Се појавија многу шпекулации низ светот, кои за жал доведоа до несакани резултати, како што е исфрлање или пак уште полошо убивање на домашни миленици затоа што луѓето веруваат дека тие се „виновници“ за коронавирусот. Но, не е така.

Според Светската здравствена организација, нема докази кои сугерираат дека кучињата или мачките се разболуваат од овој вирус или дека ќе станат извор на инфекција од COVID-19 кај други животни или луѓе.

Кон крајот на февруари 2020 година, властите во Хонг Конг ставија во карантин куче кое покажа „слаба позитивност“ на вирусот. Сопственикот на кучето исто така бил тестиран и тој бил позитивен на коронавирусот. Кучето не покажало знаци на болест. Властите веруваат дека станува збор за случај на пренесување од човек на животно, но истакнуваат дека не е причина за тревога.

Важно е да се запамети дека вирусите понекогаш можат да заразат некој вид, но не да предизвикаат болест кај тој вид, ниту да станат преносливи за другите. Повторно, не се верува дека миленичињата, како што се мачки или кучиња, можат да го пренесат COVID-19 кај луѓето.

И, колку што се реални факторите на ризик – ако, на пример, вашето куче е обично дома и не контактира со други кучиња или луѓе и никој во вашето домаќинство нема COVID-19, шансите за вашиот миленик да биде заразен се минимални. Ако имате COVID-19, треба да го ограничите вашиот контакт со домашни миленици и други животни, исто како што би направиле со другите луѓе.

Како прашање на секојдневно здравје, секогаш е добра идеја да ги миете рацете со сапун и вода после контакт со домашни миленици за да помогнете да се избегне пренесување на почести болести како што се салмонела и ешерихија коли.