Дали напредокот на технологијата ќе донесе повеќе криминал? Маж со помош на AirTag од 30 долари успеал да го пронајде крадецот што му го украл камионот и му пукал во глава

Полицијата на Сан Антонио соопшти дека сопственикот на камионот се јавил на 911 откако открил дека неговиот Chevy Silverado го нема од неговата резиденција, но ги презел работите во свои раце.

Сопственикот, чие име не е објавено, заедно со двајца членови на семејството, го следеле камионот со помош на гаџетот до паркингот во трговскиот центар каде што му пришле на маж внатре во камионот, што наводно довело до конфронтација каде што мажот пукал во главата на крадецот.

Ендрју Џон Херера (44) почина од прострелна рана во главата, според медицинскиот преглед на округот Бексар. Неговата смрт се проценува како убиство. Официјалните лица утврдуваат дали осомничениот кој пукал со пиштолот ќе биде обвинет.

 

Инцидентот се случи откако Apple се соочи со критики за употребата на AirTag, најчесто користен за следење работи како багаж и паричници, но исто така се користи и за штета, како следење поранешни партнери и јавни личности.

 

Полицаецот Ник Солиз им кажа на новинарите на прес-конференција дека човекот се соочил со Херера во камионот, тврдејќи дека видел оружје пред да пука со сопствениот пиштол во камионот. Солиз ги охрабри луѓето да чекаат полиција и да не преземаат ништо сами.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот нашла чаури и два автомобили со испукани прозорци. Инспекторите не потврдија дали нашле оружје кај Херера. Легално е да се носи пиштол во државата Тексас и легално е Тексашаните да користат смртоносна сила за да се одбранат од очигледна и непосредна опасност.

 

AirTags беа лансирани во април 2021 година како ново средство за помагање на корисниците да ги следат личните предмети како што се клучеви, паричници и чанти со прикачување на AirTag на нив и лоцирање доколку се изгубат преку апликацијата Find My. AirTags и други уреди за следење поврзани со мобилен телефон, како што е Tile Trackers, се продаваат за помеѓу 30 и 50 долари. Но, откриено е дека малите метални дискови ги користат и демначи кои дискретно ги ставаат на луѓето што сакаат да ги следат.

Минатата година една млада мајка од Тексас рече дека пронашла AirTag залепена во нејзината чанта додека патувала од Тексас до Мејн.

„Мислам дека дефинитивно можев да бидам повредена. Некој се одлучил да следи каде се движам, а мене ми беа потребни 14 часа да забележам“. – рече таа

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *