Дали нашиот Александар Волкановски ќе го тренира Марк Закерберк за тепачката против Илон Маск?

Од мега-тепачка на домашен терен, до ѕвезда на меѓународна недела на борби во Лас Вегас – Александар Волкановски крваво се бореше за да стигне до таму.

 

 

Не било отсекогаш вака. Нашиот Волкановски, од која и да е причина, мораше да ги почека признанијата и обожавањето за неговите достигнувања во октагонот. Конечно, валидацијата пристигна и таа е послатка по борбата за достигнување на врвот, изјави 32-годишниот.

„За мене е неверојатно чувството што конечно сум таму бидејќи не беше лесно, ајде да бидеме реални. Меѓународна недела на борби, тоа е прилично неверојатно и само ви покажува каде сум во мојата кариера во моментов, како и со UFC. Имам многу среќа што сум на оваа позиција и само треба да капитализирам од тоа.“, вели тој.

 

Малкумина му дадоа шанса на Волкановски во февруари кога тој амбициозно скокна да се соочи со огромниот шампион во лесна категорија, Ислам Махачев.

„Многу брзо го преболев Махачев. Колку и да беше тешко, продолжив понатаму, се вратив во теретана за да се фокусирам на следното нешто. Штом се вратив дома, јас сум тато, штом сум во теретана, се фокусирам на тоа кој е следниот, имам среќа што можам да го направам тоа“.

 

Додека за една од најтешките борби тврди дека била со Родригез. Волкановски го смета за најопасен противник со кој се соочил.

„Тој дефинитивно е најопасниот во нашата дивизија. Потоа имате други борби кои се попредизвикувачки на различни начини. Го имаш Макс, кој е тежок и е многу вешт. Има различни предизвици. Некои момци се вистинска закана за борење, се зависи од типот“.

 

 

Но, една од побизарните приказни што неодамна се појавија на насловните страници е тепачката меѓу технолошките милијардери Илон Маск и Марк Закерберг. Ниту еден од нив не се огради од идејата и Вајт вели дека се обидува да најде начин да ги натера да се натпреваруваат во октагонот.

 

Волкановски е пријател со Закерберг и – додека многумина ја отфрлаат потенцијалната борба како шала- тој ја гледа позитивната страна на повеќе погледи на ММА.

„Јас и Закерберг веројатно ќе се видиме додека сум овде во Вегас. Интересно е… очигледно многу луѓе зборуваат за тоа, па дури и фактот дека ова се случува е одлично за спортот и мислам дека дури носи многу нови погледи во спортот, имајќи двајца од најмоќните луѓе. Никогаш не се знае, мислам дека овие момци се сериозни! Го имам Зак, очигледно немам ништо против Илон, но го познавам Зак и знам дека е прилично атлетски спремен и тренира ММА. Илон има предност во големината, па би било интересно, но јас го поддржувам моето момче Зак“.

Па сега ред е Закерберг да повлече потег и да го повика Александар да се вклучи во неговиот тим од тренери.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *