Дали нешто звучи пострашно? Верувањето поради кое на ураганите им давале женски имиња

Една стара шега вели дека жените и ураганите имаат заедничко тоа што, кога ќе заминат, со себе ви ја земаат куќата и автомобилот. Според денешните стандарди, ова би се сметало за сексистички и несоодветен израз, но до неодамна имаше ветер во грб поради научната заедница. Имено, во периодот меѓу Втората светска војна и 1980-тите, американските урагани добивале исклучиво женски имиња.

До денес не е официјално разјаснето зошто е преземена оваа насока (иако можеме да претпоставиме). Се смета дека потекнува од тогашната перцепција на океанот како „женски“ со неговите карактеристики и последици, а можеби и од Втората светска војна кога метеоролозите во војската ги именувале ураганите по нивните сопруги и девојки дома. Колку тоа беше почит, а колку одраз на чувствата кога ќе застанете против неа на лош ден – кој знае?

Но, штом ураганите почнаа да се нарекуваат со женски имиња, метеоролозите често ги известуваа како навистина да зборуваат за жени – опишувајќи ги како темпераментни, заводливи, провокативни, непредвидливи итн. Една стара статија на Вашингтон пост дури опишува како „луѓето не би ги сфатиле сериозно бурите ако не потсетуваат на женскиот гнев“.

Што повеќе ве плаши: Хуго или Катрина?

Земјите како Австралија и Нов Зеланд наскоро почнаа да ја следат практиката ураганите и бурите да ги именуваат исклучиво со женски имиња. Секако, тоа не го воодушеви женскиот дел од метеоролозите и научната заедница. Првата која јавно се спротивстави на оваа практика беше Рокси Болтон. Таа истакна дека не е фер жените толку произволно да се поистоветуваат со катастрофи и започна кампања за „еднаквост“ – некои од ураганите да носат и машки имиња.

Кога жените се побунија против исклучиво „женските урагани“, дел од јавноста веруваше дека луѓето едноставно нема да се плашат толку од мажите колку од женските катастрофи и дека затоа е подобро да се задржат женските имиња.

Според истражувањето спроведено во 2016 година, се покажало токму спротивното. Некои истражувачи отидоа дотаму што заклучија дека „женските“ урагани убиваат повеќе луѓе отколку „машките“ урагани бидејќи луѓето не ги сфаќаат доволно сериозно, па затоа се помалку подготвени.

Инаку, статистиката која вели дека женските урагани се посмртоносни се дефицитарни бидејќи опфаќаат долг период во кој ураганите носеле само женски имиња, па не можело да биде поинаку.

Во 1979 година, во Соединетите Држави официјално беше отворена сезоната на урагани со машки имиња. Машките имиња беадодавани полека, со повремени медиумски жалење дека „машките имиња едноставно не предизвикуваат добар статус“ – но барем мали чекори се успешно преземени против сексистичкото именување.

Вашите идеи се добредојдени…

Женските урагани можеби владееле со САД во повоениот период, но тоа не било секогаш случај. На пример, во 19 век, ураганите и тропските бури најчесто биле именувани по светците околу чии празници се појавувале или по ликови од грчката и римската митологија. Во Австралија, некои носеле имиња на омразени политичари – не би имале доволно урагани за сите такви имиња, дури и да имавме клима како на Флорида.