Дали ова е еден од „најниските удари“ во спортот? Младиот кошаркар е суспендиран поради овој потег

Кошаркар на универзитет во Флорида е суспендиран за остатокот од 2019 година, откако направи „евтин потег“ за време на натпреварот. Снимките покажуваат дека Исаја Хил од Универзитетот „Свети Лео“ го удрира Ник Смит од Универзитетот „Нова Југоисточна“ во главата.

Привремено запрепастениот Смит можеше да се види како се спушта на подот пред да се врати и да продолжи со играта. Официјалните лица на натпреварот најпрвин не го забележале нападот, но откако снимките набргу станале вирални Хил бил суспендиран до крајот на годината, односно нема да игра во наредните два натпревари.