Дали ова е иднината на авиопревозот? Двокатни седишта во авиони би биле идеално решение за економската класа

Сите сме се возеле со двокатни автобуси, сме слушнале или сме се возеле со двокатни возови, па дури и сме слушнале за двокатни авиони, но ова е поразлично.

Дали сте слушнале за двокатни седишта во авионите? Веројатно не, нели? Па, тоа е затоа што тие не постојат – барем не во моментов.

Стартап компанијата Zephyr Aerospace тврди дека пронашле начин како двокатните места може да станат главни за економската класа, особено во пост-коронавирусниот свет, каде авиокомпаниите ќе треба да ги исполнуваат барањата за социјално дистанцирање.

Компанијата со седиште во Сан Франциско се надева дека ќе направи економската класа да биде попространа и удобна за патниците, а во исто време да им даде многу простор и приватност. Zephyr Aerospace го дизајнираше како што го нарекува Зефир седиште, нешто што го опишува како „налегнато рамно седиште дизајнирано за сите.“ Седиштето им овозможува на патниците да изберат како летаат – лежејќи, налегнати или пак седејќи.

Не само тоа, туку со употреба на „рангирана“ конфигурација за седење, компанијата успеа да создаде план за седење во двокатен стил кој во суштина одговара на втор ред седишта каде што еден авион обично би имал простор за складирање на багаж.

„Нашиот дизајн го зголемува капацитетот за 20% + на авионите со долг пат и ги намалува трошоците со намалување на скапи оброци, багаж и други врвни удобности, нудејќи најниска цена во индустријата.“, велат од компанијата.

Седиштата можат да бидат поставени во веќе постојните авиокомпании, со пристап до сите страни низ комбинација од 2-4-2. Патниците би можеле да седат над и под едни со други, користејќи скалила за да добијат лесен пристап до горното ниво. Тие веќе преговараат со 4 различни компании и се надеваат дека наскоро ќе го имаат првиот прототип/