Дали ова е најодвратната навика? Мајка разви жестока дебата откако откри како ја мие четката од тоалетот

Анонимната жена, за која се смета дека е од Велика Британија, во една објава на Интернет призна како ја мие четката од тоалетот при доби жестоки критики. Таа сподели дека сега се запрашува за својата необична навика, откако пријателка која дошла на гости видела како таа ја мие.

 

 

Објавата вели: „Ја чистам четката за тоалет во машина за миење садови на секои неколку месеци. Само ги ставам четката и држачот сами на топло перење и излегуваат како нови. Еден пријател дојде утрово на кафе, а јас ја отворив машината за миење садови за да извадам неколку шолји, заборавајќи дека ги ставив тоалетните предмети минатата ноќ. Таа тотално откачи, велејќи дека ова е тотално одвратно, и повторно ги изми шолјите што потоа ги извадив и ги поли со врела вода пред да ми дозволи да ѝ го направам кафето!! Дали мојата пријателка беше неразумна? Шолјите и четката од тоалетот беа перени во посебни прегради“.

 

 

Огромното мнозинство од луѓето сметаат дека миењето четка за тоалет на таков начин е нехигиенско.

Еден напиша: „Тоа е апсолутно одвратно“.

А друг додаде: „Како побогу би можела да помислиш да ставиш четка за тоалет во машината за миење садови“.

 

Во меѓувреме, трет коментираше: „Дали ви текна дека првото плакнење во машината за миење садови е рециклирана вода? Па ти си ги миеш садовите во г*мна“

Сепак, некои се согласија со мајката и рекоа дека нема ништо лошо во тоа.

Еден напишал: „Не е страшно. Мојот поранешен партнер го правеше истото. И двајцата сме уште живи. И имаме уште пријатели.

Друг додаде: „Па, ако вашата машина за миење садови се загрее доволно, тогаш не гледам проблем со неа од хигиенска перспектива, иако можам да разберам зошто тоа би им дошло на луѓето одвратно“.

Па што мислите вие?

  • Некој/ некоја напиша:

    Незнам, ако на неа ѝ е во ред така тогаш добро, ама јас мислам дека тоа сепак не е хигиенско.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *