Дали Папата Франциск ќе биде балсамиран? Еве што се случува со неговото тело по смртта
По смртта на папата Франциск на 21 април, католичките власти започнаа подготовки за избор на негов наследник. Но, многумина се прашуваат – како беше балсамирано неговото тело?
Папата почина од мозочен удар на 88 години, а неговото тело беше изложено три дена во базиликата Свети Петар во Ватикан. За да се спречи брзото распаѓање поради влажното време, неговото тело било подложено на модерна постапка на балсамирање, позната како танатопраксија, регулирана со италијански закон од 2022 година.
Процедурата на балсамирање
Процедурата вклучува вбризгување на конзерванси преку циркулаторниот систем и естетска нега на лицето и рацете. Телото било исчистено од крв преку југуларната вена, а потоа наполнето со мешавина од бои, алкохол, вода и формалдехид. Овој процес убива микроби и ги стабилизира протеините во клетките, што овозможува телото да остане зачувано без знаци на распаѓање три дена.
По балсамирањето, биле нанесени шминка и извршени дополнителни корекции за попријатен изглед. Се користеле и техники како затворање на очите и затегнување на вилицата за да се избегнат непријатни гримаси предизвикани од ригор мортис.
Балсамирањето порано
Историски гледано, балсамирањето на папите било многу поинвазивно, со вадење на органите и премачкување со билки и масла. Но, трагичниот обид да се балсамира папата Пиј XII во 1958 година — кога телото му се распаднало и предизвикало ужас меѓу чуварите — довел до воведување на модерни методи.
Коментирај анонимно