Дали планирате да се преселите? Ова се најдобрите и најлошите земји за работа

Пандемијата принуди многумина од нас да направат големи животни промени – без разлика дали станува збор за преселување на друго место, купување куче или нешто друго. Но, дали некогаш сте размислувале да се преселите во друга земја?

Со многу работи за кои е потребен само лаптоп и интернет, работата од друга земја никогаш не била полесна. Неодамна, терминот „дигитален номад“ стана многу популарен, па многу земји се обидуваат да привлечат такви луѓе. Во секој случај, без разлика дали барате сосема нова кариера, или работите во компанија во која не е важно каде сте физички, изборот на вистинската локација е клучен доколку барате правилен баланс во животот.

Според Euronews, повикувајќи се на студија објавена од Expat Insider, во која се анализираат условите во 59 земји, повикувајќи се на искуствата на оние кои живееле во земјите, најлоша земја за работа за странци е Турција. По неа, малку неочекувано, следи Италија, а трети најлоши во рангирањето се Кипар.

Во Турција најголем проблем е нестабилноста на локалната валута, па некои што дојдоа овде да работат, всушност заработија многу помалку отколку што мислеа. Исто така, во Турција дури 32 отсто од вработените се незадоволни од бројот на работни часови, што е двојно повеќе од глобално. Што се однесува до Италија, главно незадоволство е перспективата, а економијата не е на завидно ниво.

И кога зборуваме за најдобрите земји за работа на странци, на прво место беше една азиска земја – Тајван. Дури 81 процент од вработените се задоволни од сигурноста на работното место, а речиси 9 од 10 вработени се задоволни и од економската состојба.

Исто така, испитаниците се задоволни од работното време. На второ и трето место се Нов Зеланд и Чешка, па ако не сакате да одите до крајот на светот, ок е да одите на работа во – Прага.