Дали се погледнал во огледало? Адам Сендлер сака лежерни стилови, ама со овој аутфит ги надмина сите
Адам Сендлер и неговата сопруга, Џеки Сендлер, направија незаборавен влез на премиерата на неговиот најнов Нетфликс стенд-ап „Love You“, во режија на Џош Сафди. Иако настанот требаше да го прослави враќањето на Сендлер во центарот на вниманието на комедијата, неговиот избор на облека го украде шоуто.

Познат по својот озлогласен лежерен стил, Сендлер пристигна во аутфит кој едвај го носиме по дома.
Облеката привлече голем број коментари, при што критичарите укажуваа на острата контраст помеѓу богатството на Сендлер и неговите забавни избори.

Забелешки од типот „Сите тие пари, а тој нема стилист“ и „Изгледа спиеше во подрумот, и одеднаш го повикаа да присуствува на овој настан, а тој немаше време да се пресоблече“ .
Сепак, не сите беа критични; некои го поздравија опуштениот став на Сендлер, при што еден од обожавателите се пофали: „Ми се допаѓа колку среќни изгледаат и двајцата и како тој не се грижи за мислењето на другите. Тој што не се обидува да импресионира, му одзема толку многу тежина од рамениците. Тие се оние на кои луѓето треба да се огледаат“.

И јас обожавам лежерен стил, мислам по дома се шетам во тренерки! Но, кога излегувам во град или одам на премиера на некој филм, гостувам во некое шоу на ТВ (!??), облекувам одело! Типо едноставно ги обожава овие долен дел тренерки Адидас! Го тврдам ова со сигурност, бидејќи на 21.08.2024 година, гостуваше кај Џими Фелон во „Tonight Show“ на NBC во истата гардероба од погоре!!! Кој не верува, може да го симне шоуто! Срамота!
Коментирај анонимно