Дали се вселуваме во живи куќи? Иднината на архитектурата е во стилот на Господарот на прстените

Home Alive е нов проект на експерти собрани во американската непрофитна група за уметност, архитектура и урбан дизајн Terreform one, кои се посветени на одржлив дизајн во хармонија со природата – и како што велат, „еколошка и социјална правда за сите суштества .

Кога станува збор за иднината на архитектурата и употребата на природни материјали во изградбата на домови, Terreform one оди чекор подалеку, надевајќи се на домување кое буквално нè враќа во нашите корени.

Дизајнираните куќи за живеење може да се користат за полесно да се добие енергија од околината, а некои од придобивките се самообновување и долговечност.

Идејата е да се интегрираат домовите во еколошка урбана заедница со помош на специјално дизајнирани структури, компјутерски програми и автохтони дрвја и дрвенести растенија.

Живата куќа ќе расте со текот на годините, а столбот на зградата направена од скелиња ќе ги насочи дрвјата да растат во посакуваната насока.

Со своите проекти, Terreform сака да помогне во борбата против исчезнувањето на автохтоните растителни видови, како и да ја подигне свеста за можностите што ги нуди новата технологија во корист на планетата и идните генерации.