Дали сте слушнале за Баба Анујка? Најозлогласениот сериски убиец во Југославија

Ана Дракшин е име кое не им значи ништо на најголемиот број луѓе. Баба Анујка или Банатска вештерка се прекари со кои оваа жена, која живеела на крајот на 19 и 20 век во денешна Србија, била далеку попозната – но сепак била непозната за огромното мнозинство жители на поранешна Југославија.

Баба Анујка била првиот и најголемиот сериски убиец на поранешна Југославија, и веројатно меѓу најголемите сериски убијци во светот. Била вклучена во труење на најмалку 50, а според некои проценки и до 150, ако не и повеќе луѓе.

Кога конечно била осудена за своите злосторства таа имала 90 години. Таа била осудена на 15 години затвор, но според една верзија била ослободена по 8 години поради нејзината возраст и починала 2 години подоцна на 100-годишна возраст. Според друга, уште поневеројатна верзија, таа била ослободена од затвор од германските окупатори во 1941 година, по што починала во нејзината куќа на 104 години.

Баба Анујка живеела на голем имот во селото Владимировац меѓу градовите Вршац и Панчево. Според некои извори, таа е родена во Романија, во семејството на богат сточар, во 1837 или 1838 година, за да се пресели како дете со своето семејство во Владимировац во српско-унгарско-романската провинција Банат, тогаш воена граница на монархијата Хабсбург.

Таа на своето судење изјавила дека кога имала 20 години, ја завел австриски офицер кој ја заразил со сифилис. После тоа, со скршено срце, таа се повлекла во осаменост и се посветила на проучување на медицина, конвенционална и народна. Нејзиниот татко се согласил да ја омажи за богат селанец од Пиштово во Владимировац, многу постар од неа. За 20 години брак, таа му родила единаесет деца, но дури десет починале. Откако нејзиниот сопруг починал, таа изградила своевидна лабораторија во едното крило од куќата и го започнала својот мрачен занает.

Така Анујка станала вештерка која им продавала на своите клиенти „бајана вода“ за решавање на брачни, имотни и други проблеми. Но, според сите извештаи, решението за нивниот проблем значело ликвидација на личност која им претставувала проблем. Главните состојки во оваа вода биле смртоносни отрови како арсен, жива, отров за глувци, ѓаволска трева и слично.

Таа секогаш прашувала „колку е тежок проблемот“ за да може да го дозира отровот

Бабата буквално прашувала колку тежи личноста која претставува проблем на клиентот за да пресмета колку отров да стави и колку често треба да пие од водата. Таа имала и своја помошничка која ѝ носела клиенти, Љубинка Миланов. Сепак не требало сите да бидат убиени од овие напивки. Некои клиенти сакале да ги извадат од воена служба членовите на нивните семејства, па баба Анујка им давала поблага верзија на отровот, наменет да ги направи само моментално несоодветни за воена служба.

Клиентите најчесто биле жени кои сакале да ги убијат своите сопрузи

Многу луѓе доаѓале кај Баба Анјука, имало генерали и политичари. Таа започнала „добар бизнис“. На луѓето кои доаѓале од други градови им нудела смештај и храна, кој им го наплаќала со посебна цена. Бидејќи нејзините клиенти биле членови на семејствата аутопсија не била извршувана врз починатите и таа со години се извлекувала.

Меѓутоа, е доста интересно што, барем што се однесува до труењето, нејзините клиенти биле претежно жени, а убиените биле главно нивните сопрузи, од кои сакале да се ослободат од една или друга причина. Таа секогаш била облечена во црна облека, со црна шамија, што е карактеристично за старите вдовици од селата.

Отрула млада брачна двојка со „лимонада“

Една вечер млад брачен пар Марија и Тито Вакареску се враќале од забава. За жал поминале покрај нејзината куќа, било лето и прилично жешко па старицата се понудила да ги освежи со лимонада. По седум дена, двајцата починале. Тие имале само 18 години. Нивниот гроб се наоѓа на самиот влез на селските гробишта, како потсетување на оваа трагедија.

Осудена во 1928 година, таа негирала сè до крај

Имено, дозата на отров наменета за богатиот вдовец Гаја Прокин од Иланѓа не била доволно силна, па несреќникот успеал да отиде на лекар пред да почине неколку дена подоцна. Пијалокот во овој случај, имено, не го подготвила баба Анујка, туку нејзината асистентка Љубинка. Сепак таа на суд признала сѐ. Потоа работите почнале да излегуваат на виделина и биле разоткриени уште неколку убиства, односно оние кои можеле да бидат докажани.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.