Дали сте виделе како слоновите добиваат педикир?

Африкански слон од четири тони благодатно ја става ногата на столицата за педикир. Чуварите користат машина за брусење за потстрижување на ноктите на нозете на стадо од 23 слонови во зоолошката градина Пири Диза во Белгија.

64-годишната фотографка Мартина Сетхур-Барон изјави дека на слоновите им се допаѓа оваа постапка и тие самите ги ставаат нозете на специјални столици. По педикирот, слоновите одат да гризат сено.

Портпарол на зоолошката градина рече: „Сите 23 наши слонови имаат редовни третмани за педикир.”

Пири Диза е дом на 23 слонови – најголемото стадо слонови во Европа.