Дали сте знаеле дека ФАС 11-ти Октомври од Скопје во 1959 година има произведено прв прототип на македонски автомобил „Вардар“?
Денес сите ја знаат како Санос, компанија која произведува градски, приградски и меѓуградски автобуси, како и тролејбуси и специјални аеродромски возила. Но, некогашното има на оваа фабрика е ФАС „11-ти Октомври“. Таа е формирана во 1946 година како државна фабрика, иако корените на фабриката датираат уште од 1930 година кога фабриката била работилница за репарација и производство со повеќе од 30 работници. Но, она што многу малку луѓе знаат е дека во оваа фабрика некогаш бил произведен и првиот прототип на македонски автомобил наречен „Вардар“.
ФАС беше една од поголемите фабрики во Југославија за производство на автобуси, со свое биро за развој, тест полигон, итн.
ФАС решава пред цели 61 година, во 1959 година да произведе свој автомобил! Автомобилот е направен врз база на тогашниот модел ФИАТ 1400 и со дизајн кој не бил ништо поназад од тогашниот дизајн на другите фабрики. Но, тој прв автомобил марка ФАС ВАРДАР 1400 неславно ја завршува својата незапочната кариера и прототипот завршува во отпад.
Втора шанса ФАС има 10 години подоцна во 1969 година кога исто е изработен прототип на автомобил врз основа на ФИАТ 850 со дизајн инспириран од Пининфарина. Овој прототип е прикажан на саемот за прототипови во Белград, но при враќање од саемот камионот кој го носи настрадал во сообраќајка заедно со прототипот!
Трета шанса да имаме автомобилска индустрија е 1968 година каде Цитроен доаѓа во Македонија за отворање на погон за кооперација. Во почетокот би биле делови за тогашните модели, а понатаму и целосно производство. Фабриката Металски Завод Тито била избрана како најповолна, а ФАС како погон каде би се склопувале првите модели на Цитроен. Но и од таа идеја не излегува ништо!
Последната шанса беше за производство на Ауди А3 дамнешната 1995 година, но и од тоа не испадна ништо, за жал. Оттогаш во Македонија си склопуваат само автоделови и ништо повеќе…
Извор: Ледени Чаво/Твитер