Дали сте знаеле дека… гигантската предаторска желка од праисторијата, наречена Карбонемис, некогаш била „крал“ на животните?

Иако диносаурусите одамна исчезнале, нивната смрт отворила простор за појава на нови доминантни животни. Едно од најнеочекуваните суштества што се обидело да ја преземе улогата на врвен предатор била — желка. Карбонемис, џиновска желка од доцниот палеоцен (пред околу 60 милиони години), живеела во тропски езера и достигнувала речиси 2 метри во должина и над 300 килограми тежина.

 

Дали сте знаеле дека... гигантската предаторска желка од праисторијата, наречена Карбонемис, некогаш била „крал“ на животните?

… и со право

Со толкави димензии, карбонемисот немала природни непријатели. Имала масивна уста способна да крши дури и коски, што ѝ овозможувало да јаде и месо и растенија. Бидејќи била бавна и тешка, се хранела од засада — неподвижно демнела плен и со нагло движење и моќен залак го совладувала. Слична техника користат денешните грифови желки.

 

... и со право

Владеење што заминало во историјата

Нејзините жртви биле школки, помали желки и дури и млади крокодили. Нејзината камуфлажа ѝ овозможувала неприметно да се приближи. Специфичната градба на ‘рбетот и вратот ја вбројува во групата на бокошејни желки — тие ја вовлекуваат главата странично, а не наназад.

Владеење што заминало во историјата

 

  • Молкот напиша:

    Заиста фасцинантно! Не само што знаат како изгледала мајчината од пред АЛО!!! – 60 факен милиони години ами знаат точно и како со што се хранела.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *