Дали сте знаеле дека низ Преспанското езеро некогаш пловеле бродови?

Сите знаеме дека ситуацијата на Преспанското езеро не е на завидно ниво. Езерото претрпе многу промени во последниот период и како полека да исчезнува од пред нашите очи. Сепак некогаш оваа езеро имало момент на „слава“. Пред скоро еден век бродови пловеле низ езерото и луѓето можеле да уживаат рекреирајќи се во него.

Откако југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ го посетил Претор во 1924 година првите бродови на Преспанското Езеро запловиле во 1928 година. Првин тоа биле воени бродчиња. Столбот на светилникот за ноќна ориентација на бродовите сѐ уште стои до некогашното хотелче на Стојан Мишев, прво на Преспанското Езеро.

Хидробусот „Нови Сад“ во летни месеци возел на редовна патничка линија Претор-Голем Град-Отешево-Претор, а денес, за жал им е тешко на рибарите да излезат и со кајчиња за да ловар риба во езерото. Пристаништето е целосно во тиња и кал.