Дали сте знаеле дека постои уште еден Балкан, кој се наоѓа на другиот крај од светот
Кога ќе се каже „Балкански регион“ најголем дел од луѓето од светот помислуваат на земјите како Македонија и соседите, но Балканот не е единствен во светот. Постои уште еден Балкан кој има своја приказна и историја.
Балкански регион е еден од петте приближно еднакви региони на Туркменистан. Тој се наоѓа на крајно западниот дел од земјата. Во насока на стрелките на часовникот од север се граничи со Казахстан, Узбекистан; два региона на Туркменистан (исток), Иран (југ) и Каспиското Море (запад). Неговиот главен град е Балканабат, порано познат како Небит Даг.

Оваа област била ликвидирана и обновувана многу пати од средината до крајот на 90-тите, а во 1988 година била целосно укината. Сепак, административните граници на регионот биле обновени во 1991 година кога бил основан Балканскиот регион.

Името Балкан потекнува од „Бал акан“ што значи „каде што тече медот“, веројатно има врска врска со локално богатите извори на нафта. Зафаќа 139.270 квадратни километри и има 553.500 жители (проценка од 2005 година). Голем дел од нив се номадски пастирски семејства. Густината на население од 3,3 лица на квадратен километар е најниска во Туркменистан. Други градови во овој регион се: Берекет, Туркменбаши, Гумдаг, Сердар, Хазар, Етрек, Есенгули.

Балканскиот регион има значителни резерви на енергија, што претставуваат 94% од производството на природен гас во Туркменистан и 12% од производството на нафта. Исто така, генерира 18% од електричната енергија на земјата. Поради многу малото снабдување со вода, земјоделството е занемарено, а само 4,5% од обработливите земјишта на Туркменистан се наоѓаат во покраината.

Покрај неговите касписки брегови, Балканскиот регион го вклучува островот Огурја Ада, најважниот остров во Туркменистан и еден од најголемите во Каспиското Море.






