Дали сте знаеле дека Сахара не била целосна пустина отсекогаш – била „дом“ на многу реки, насипи, па дури и брани
На старите средновековни карти, Африка е прикажана сосема поинаку од денес – со реки што денес не постојат и со мноштво градови за кои нема ни трага ни глас. На пример, на дел од тие карти, може да се види дека низ Сахара некогаш постоеле населби и водотеци дури и во нејзиното срце. Современата наука ги смета овие карти за неточни и базирани на непроверени сведоштва од патници.
Но, има индикации дека пред неколку илјади години, климата во Северна Африка била поинаква – поблага, со повеќе дождови, реки, шуми и савани. Се смета дека оваа влажна клима постоела пред 3 до 5 илјади години, кога Сахара зафаќала значително помала површина.
Докази за нивно постоење
Еден од доказите се пресушените речни корита наречени „вади“. Од воздух, тие личат на огромни пресушени речни системи, понекогаш формирани од дождовни води, но во некои случаи се остатоци од вистински древни реки. Една од нив е реката Таманрасет, која пред 2.000 години сè уште постоела и течела во Атлантикот, а денес останало само суво корито.
И Нил имал лево приточување наречено Жолт Нил, за кое исто така постојат докази. За да ги искористат повремено обилните дождови и да се заштитат од поплави, луѓето изградиле насипи и брани.
Нешто големо се случило…
Најимпресивен пример е древната брана Садд-ел-Кафара, 40 км југоисточно од Каиро, изградена пред околу 3.700 години. Таа била масивна земјена брана, слична по обем со египетските пирамиди, и служела за контрола на поројните поплави.
Овие докази упатуваат дека Сахара не секогаш била пустина – нешто големо се случило што го сменило регионот засекогаш.
Да.
Great write-up, I am normal visitor of one¦s web site, maintain up the excellent operate, and It is going to be a regular visitor for a long time.
Коментирај анонимно