Дали тоа е вистинска венчаница? Невестата разочарана откако забележала дека две гостинки дошле облечени во бело на нејзината свадба, а едната изгледа како да носи вистинска венчаница
Генерално се подразбира дека не се носи бело на туѓи свадби, но овие две жени се одлучија дека нема да се придржуват до тој свадбен бонтон. Другарката на невестата, Изабела Сантос Гиха се одлучила да ги сликне двете жени од кои за едната тврди дека носи вистинска венчаница.
Бидејќи тоа многу ја погодило невестата, Изабела апелираше до гледачите: „Ве молам никогаш не носете БЕЛО на нечија свадба. Тоа е тажно и означува непочитување“


Нејзината порака особено одекнува во последниот кадар каде невестата ја носи нејзината прекрасна прекрасна венчаница, но сепак изгледа како да плачела.

Некои искористија да ги споделат своите приказни, а една жена коментираше: „Никогаш не гледав толку ригорозно на тоа, се додека мојата свекрва не се обиде да облече бела чипкана тоалета на мојата свадба. Кога случајно го видов фустанот на денот пред свадбата ѝ реков дека не може да го носи… но на крајот тетка ми и братучетка ми се појавија во бели тоалети“
Еден од врвните коментари кој понуди најдобро решение за овие ситуации беше едноставно: „Црвено вино“
Многу повеќе се согласија дека е потребна некаква одмазда, при што една напиша „Упс, ти ја истурив пијачката“, а друга жена рече дека ќе ги избрка гостите кои се осмелиле да носат бело.

Коментирај анонимно