Дали ви здодеа цивилизацијата? Кафуле на пуст остров бара двајца вработени

Дали ве фрустрира градскиот живот? Не можете повеќе да го поднесете метежот и загадениот воздух? Едно кафуле во Ирска има решение за овој проблем.

Велики Бласкет е прекрасен ирски остров кој е лишен од некои од напопуларните современи средства и на него има само едно кафуле и неколку колиби за преноќување.

Единственото кафуле на островот нуди работна позиција на две лица кои пријатели или партнери. Тие треба да се слбодни од април до октомври оваа година, за да живеат на островот каде што ќе треба да прават кафе или чај за туристите, да го запалат каминот и да подготват појадок за оние кои ќе останат во колибите.

Она што е интересно е што во колибите за туристи нема струја и топла вода. Единствено во апартманот над кафулето каде што ќе се сместени вработените има мала ветерна турбина на островот што може да се користи за полнење телефон или лаптоп, според Алис и Били, кои се моменталните вработени.

За вработените е обезбедена храна и сместување, а што се однесува до чисти алишта, ќе треба да се испраќаат по брод за да ги вратат исперени. Успешните кандидати, исто така, мора да се справат со сместување на туристите, да го чистат кокошарникот, да ги наводнуваат растенијата и да се грижат за камините. Дали би сакале ваква работна позиција?