Дали жената треба да биде „плескана“ или претседател? Еве како размислувале луѓето во 60-тите!

Денес иако ги има помалку, жените се сепак присутни во политиката и рамноправноста конечно, полека но сигурно ги дава вистинските резултати, барем по поразвиените земји. Но, пред повеќе од половина век, кога светот беше многу поинакво место за живеење било незамисливо да ѝ се даде политичка, па и било каква моќ и авторитет на жена. Овие весници од 60-тите години од САД го покажуваат размислувањето на луѓето тогаш. Се надеваме дека ваквите размислувања и ќе останат само минато. Под секоја од фотографиите има превод.

Дали жена би била добар претседател?

Френк: „Не. Денес нивниот памет е во еден правец, а наредниот ден се менува.“

Том: „Не. Немам толку доверба во жените за да им дозволам да ја водат државата.“

Моурин: „Не. Мажот е поодговорен. Жените имаат доволно проблеми без да бидат претседател.“

Том Романовски: „Не. Жената има повеќе шанси да се откаже. Можеби нема да си го бранат ставот кога ќе треба.“

Верн: „Не би можела да направи нешто полошо од овие што ги имавме.“

Ако е потребно, дали жената треба да биде плескана?

Мигел: „Зошто да не? Ако не знаат како да се однесуваат додека да станат возрасни, тогаш треба да бидат третирани како деца и да бидат плескани. Тоа ќе им помогне да пораснат набрзина. Ако не им помогне од прв пат наскоро ќе им стане јасно.“

Френк: „Да кога ќе го заслужат тоа. Како бербер имам многу доверба во четката за коса. Мислам дека има случаи кога тоа се советува. Кога тоа е така нема причина зошто да не го направите тоа веднаш. Во мојот бизнис мажот многу постигнува со резултатите кои ги дава од добро употребена четка за коса.“

Теди: „И тоа како. Тоа ги учи кој е шефот. Многу жени забораваат дека е машки свет и многу мажи кои отстапиле како шеф во семејството посакуваат тоа да не се случило. Плескањето може да им помогне да ја вратат почитта која што ја изгубиле.“

Вилијам: „Да. Повеќето од нив го заслужуваат тоа. Ако не тогаш ќе ги потсети колку им е добро без тоа. Јас се сложувам со теоријата дека грам превенција е вредна кило лек.“