Дали знаете какви сѐ народни носии се носеле низ Македонија во минатото?

Македонски носии, парчиња ткаенина кои „раскажуваат“ историја. Постоеле толку уникатни начини за правење на носии, кои се разликувале по нешто од град во град, од село до село. Носиите се дел од нашата традиција и раскажуваат многу за животот на луѓето во минатото.

Иако секоја носија си била уникатна сама по себе, носиите низ Македонија се поделени на две поголеми категории: Западномакедонски тип и Источномакедонски тип. Народните носии биле средство за изразување на креатвноста на домаќинките во тоа време и тие ја извршувале сета работа од предње и боење на материјалите, шиење украси и слично. Ајде да разгледаме неколку интересни народни носии од различни места низ Македонија.

Жена од Јанковец, во народна носија карактеристична за Горна Преспа, почеток на XX век

Битолчанка облечена во староградска носија, снимена во ателјето на браќата Манаки во Битола, 1904 година

Брачен пар од Железнец во носија

Брачна двојка од Демир Хисар, облечени во носија, снимени во ателјето на браќата Манаки, во Битола, 1916 година

Семејство во народна носија од село Скочивир, фотографирано околу 1916 година

Народна носија од Драчево, Скопје, од 1930-те година

Жени од Романовце, Жеглиговско, играат оро, почеток на XX век (Куманово)

(Лево) Жена во народна носија од село Буково од 1904 година. (Десно) Фамилија во народни носии од Мариово од 1904 година.

Селанки на пазар во Скопје